Дома Фудбал Англија Видео: Тотенхем се „разбуди“, Стоук декласиран – Шовркос „двоен“ стрелец, но еден во погрешна мрежа!

Видео: Тотенхем се „разбуди“, Стоук декласиран – Шовркос „двоен“ стрелец, но еден во погрешна мрежа!

totenham

Со почеток во 16:00 часот во Премиер лигата се одиграа пет средби.

Тотенхем беше единствен од претендентите за висок пласман кој својот натпревар го одигра во овој термин.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Петлите“ после серијата од четири натпревари без победа одиграа фантастичен натпревар и славеа убедлива победа од 5:0.

До предност доомаќинот стигна со автоголот на Шовкорс во 21 минута од средбата. Тоа беше и единствениот погодок во првиот дел.  По осум минути игра во второто полувреме Сон Хеунг Мин зголеми на 2:0, а Хари Кејн само една минути подоцна постигна гол со кој веројатно ги откажа гостите.

Десетина минути подоцна Кејн повторно беше стрелец за веќе 4:0, на петнаесетина миути до крајот Ериксен зголеми на 5:0, а голот за утеха и конечните 5:1 ги постави Шовкрос кој сега ја погоди вистинската мрежа.

Во останатите натпревари, Барли го совлада Вотфорд со 1:0, Хадерсфилд со 2:0 славеше над Брајтон, Кристал Палас и Бурнемоут одиграа 2:2, Свонси со 1:0 славеше над ВБА.





V

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…