Синоќа се одиграа 9 натпревари во НБА лигата, после кои Сан Антонио Спарс, Оклахома Сити Тандер и Њу Орлеанс Пеликанс обезбедија плејоф.
„Тандерс“ предводена од Расел Вестбрук кој повторно оствари трипл-дабл со 23 поени, 13 асистенции и 18 скока го совладаа Мајами на гостински терен со 115-93.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тимот на Сан Антонио Спарс ја имаше најлесната задача синоќа, кога на домашен терен го совлада аутсајдерот Сакраменто Кингс со резултат 98:85.
Најдобар поединец на тимот синоќа беше Ламаркус Олдриџ, кој натпреварот го заврши со 15 поени и 14 скока. Од клупата му помогна Руди Геј, кој уфрли 18 поени за само 21 минута игра.
За разигрувањето остана само уште едно празно место и тоа во Западната конференција, за кое ќе се борат Денвер и Минесота. Притоа двата тима ќе играат меѓусебно на последниот дуел од регуларниот дел од сезоната.