Двете ѕвезди на руската репрезентација, Александар Кокорин и Павел Мамаев се во центарот на огромен скандал кој може не само да им ги уништи кариерите, туку и да им донесе многу посериозни проблеми.
Двајцата репрезентативци претепаа човек во еден локал во Москва, а подоцна се покажа дека настраданиот Денис Пак е на одговорна функција во Министерството за инудстрија и трговија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На интернет се појави и видео од инцидентот, кое не остава сомнеж во одговорноста на фудбалерите.
Државниот службеник најпрво доби удар со столица, а потоа и шлаканица. Останатите гости во кафулето спречија поголем инцидент, а на фудбалерите им се заканува затворска казна од пет години.
Нормално, Кокорин и Мамаев во текот на целиот ден не одговараа на повиците од новинарите, но нивните клубови Зенит и Краснодар ги осудија нивните постапки.
https://youtu.be/NaFhkhSWn-E