Шпанскиот фудбалер, Емерик Лапорт во вчерашниот натпревар имаше тешка задача – требаше да го чува крилниот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах.
Секако, тоа во овој момент е една од најтешките задачи за секој дефанзивец, а Лапорт и не се снајде баш најдобро.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Епилогот на крајот беше еден погодок и асистенција за Салах и пораз на Манчестер Сити од 3:0. Интересна сцена се случи кон крајот на првиот дел, односно кога фудбалерите се уптатуваа кон соблекувалните. Салах му пријде на фудбалерот на „граѓаните“ и нешто му кажа.
Денес медиумите пишуваат дека тоа биле утешни зборови од Салах поради проблемите кои тој му ги создаде на дефанзивецот.