Горан Пандев конечно блесна во Џенова. На куп средбата против Перуџа, неговиот тим славеше дури во продолженијата со 4:3 (2:2 по 90 минути), а ѕвезда на вечерта сигурно беше нашиот најдобар фудбалер кој постигна два прилично ефектни голови.
Имено, Горан Пандев беше прецизен во 37 минута за 2:0 и во 100 минута тогаш за 3:2.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Инаку првиот гол беше дело на Симеоне, а Перуџа се врати и израмни на 2-2 со головите на Бјанки и Дроле, кои го однесоа натпреварот во продолжение. Таму освен Пандев, пласманот во осминафиналето го завери Нинковиќ, со гол во 116. минута. Гостите намалија во последните моменти од натпреварот за конечни 4-3.