Дома Останати Кошарка Видео: Ниту 51 поен на Леброн не беа доволни, Вориорси до водство од 1:0!

Видео: Ниту 51 поен на Леброн не беа доволни, Вориорси до водство од 1:0!

Голден Стјет поведе со 1:0 во финалната серија од НБА против Кливленд со резултат 124:114.

Во супер-интересен натпревар, еден од подобрите кои овие два тима ги одиграа во финалињата од 2015 година, се играа продолжение во кое домаќинот успеа да стигне до победа и водство во овгодинешната борба за шампионскиот прстен.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Кавси сигурно ќе жалат поради пропуштената прилика во последните секунди од регуларниот дел кога Џорџ Хил имаше прилика од слободни фрлања да донесе победа на својот тим, го погоди само првото.

Во продолжение Џеј Ар Смит направи незапаметена глупост и откако ја фати топката тргна да бега од кошот, веројатно заборавајќи дека резултатот е нерешен.

Леброн Џејмс постави личен рекорд во плеј-оф натпреварите со 51 поен, осум скокови и исто толку асистенции. Кевин Лав за Кавси уфрли 21 поен и украде 14 топки.

Во победничкиот тим најефикасен беше Стеф Кари со 29 поени, Кевин Дурант имаше 26, Клеј Томпсон 24, Дрејмонд Грин погоди две клучни тројки на натпреварот остварувајќи учинок од 13 поени, 11 скокови, девет асистенции и пет украдени топки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

ВИДЕО Неверојатен пресврт на Индијана и кош 0,3 секунди пред крајот за победа во финалето на НБА

ИНДИЈАНА ПЕЈСЕРС направи драматичен триумф против Оклахома Сити Тандер со 111:110 и поведо…