Дома Фудбал Останато (Видео) Монако може и без Мбапе, Марсеј испратен со „шеска“, Фалкао двоен стрелец

(Видео) Монако може и без Мбапе, Марсеј испратен со „шеска“, Фалкао двоен стрелец

Монако и без Килијан Мбапе одигра фантастичен натпревар и го декласираше Олимипик Марсеј со убедливи 6:1

Големата победата на клубот од Кнежеството ја најави Глик кој го отвори резултатот уште во втората минута од средбата. За втор погодок се чекаше до 20 минута кога Радамел Фалкао реализираше удар од белата точка, Колумбиецот беше стрелец и на третиот гол кој го постигна во 34 минута од средбата. За убедлива предност уште на полувремето се погрижи Диакаби кој стрелаше во финишот на полувремето.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Вториот дел донесе нешто подобра игра на гостите, но веќе беше и предноцна за нешто да се промени. Монако прв погоди и во вториот дел и тоа преку Сидибе. Потоа следуваше утешниот гол за Марсеј кој беше дело на Кабеља.  На десетина минути пред крајот главниот судија на натпреварот и втор пат покажа на белата точка, овој пат реализатор беше Фабињо за конечни 6:1.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Симеоне веќе ги крои плановите за лето – има две големи желби за посилен Атлетико!

Атлетико Мадрид ќе биде еден од клубовите кои би можеле да го одбележат претстојното лето.…