Репрезентацијата на Полска обезбеди пласман на Светското првенство во Русија откако ја декласраше Ерменија со 6:1.
Херој за Полјаците беше Роберт Левандовски кој со хет-трик влезе во историјата како на полскиот фудбал како најдобар стрелец на сите времиња.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Полјаците дојдоа во водство преку Камил Гросицки, по што на сцена стапи Левандовски со два гола за 15 минути. Играчот на македонскиот шампион Вардар, Хамбарѕумјан, донесе надеж за домаќините со гол во 39 минута, но во второто полувреме овие надежи беа уништени. Јакуб Блажчиковски додаде уште еден гол, Левандовски го комплетира хет-трикот, а Рафал Волски во 89 минута го постигна и шестиот гол за гостите.
Левандовски исто така стигна до бројката од 15 гола во овој квалификациски циклус, еден повеќе од Португалецот Кристиано Роналдо, што е рекорд кога во прашање е европската зона.