Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Кариус во солзи им се извинуваше на навивачите, тие му возвратија со – аплауз!

Видео: Кариус во солзи им се извинуваше на навивачите, тие му возвратија со – аплауз!

Германскиот голман Лорис Кариус не се прослави во финалето од Лигата на шампионите во Киев.

Голманот на Ливерпул беше директен виновник за два погодоци на Реал кој во финалето славеше со 3:1.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Кариус прво при првиот гол на Реал направи неверојатна грешка во обидот да ја додаде топката до соиграчот, а потоа за 3:1 ја испушти топката по ударот на Бејл.

Целосно индиспонирано изгледаше вечерашниот голман и него сигурно му е најтешко во овој момент.

После завршувањето на финалето, Кариус во солзи им се извинуваше навивачите за направените грешки во овој натпревар, а тие му возвратија со аплауз за поддршка.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Тој е најлошиот играч во историјата на Барселона“

Барселона славеше со високи 7:2 против Њукасл во реваншот од осминафиналето на Лигата на ш…