Вечерва своите реванш натпревари од ¼ финалето ги одиграа Манчестер Јунајтед против Севиља, и Рома против Шахтјор.
Екипата на Севиља го направи најголемото изненадување во досегашните 1/8 финални средби – го елиминраше Манчестер Јунајтед. По ремито 0:2 во Шпанија денес Севиља на „Олд Трафорд“ славеше победа со 1:2.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед не започна напаѓачки, всушност тоа е Жозе Мурињо. По првите 45 не видовме 100% шанси, па на пауза се замина со 0:0.
Во вториот дел Јунајтед започна нешто посериозно, Лингард ја имаше најголемата шанса, но чуварот на Шпанците одлично интервенираше.
Клучниот момент Виченцо Монтела го направи во 72 минута кога на терен го испрати Бен Једер на местото на Муриел. По само шест минути поминати на терен, Једер на два пати ја затресе мрежата на „ѓаволите“.
Во овие моменти сите го сметаа Манчестер Јунајтед за елиминиран, но за вистинска драма во последните минути придонесе голот на Лукаку во 84 минута. По овој погодок Јунајтед пропушти уште неколку прилики да направи чудо и да се врати од 0:2.
За Севиља ова беше пласман во ¼ финалето после цели 60 години.
Во вториот натпревар кој се играше вечерва Рома со 1:0 славеше против Шахтјор и така обезбеди пласман во следната фаза поради голот во гости. Голот за „Волчицата“ го постигна Един Џеко.