Интер запиша уште една победа на незгодното гостување во Каљари, Удинезе загуби дома, Џенова со голема победа.
Лаутаро Мартинез погоди за водство на Интер во 25-та минута, но Жоао Педро го израмни резултатот на почетокот на второто полувреме.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Победата на Интер му ја обезбеди Ромелу Лукаку до пенал во 72-та минута.
Удинезе на Несторовски доживеа вистински дебакл на домашен терен иако поведе со 1:0 со голот на Лазања. Потоа следуваше вистинска доминација на Парма која до крајот постигна три гола преку Жервињо, Рикардо Гаилјоло и Роберто Инглезе.
Џенова ја совлада Фиорентина со 2-1, а Горан Пандев влезе во игра во самиот финиш на мечот.
Аталанта и Торино одиграа спектакуалрен меч кој заврши со резилтат 2:3, додека Сасуоло ја декласираше Сампдорија со 4:1.