Синоќа во НБА лигата се одиграа седум натпревари, а во центарот на вниманието беше кам-бекот на Стеф Кари и поразот на вицешампионот.
Голден Стејт забележа убедлива победа во дуелот со Мемфис од 141-128 а главна фигури во победничкиот тим беше Стеф Кари. Тој е врати по неколкунеделна пауза со извонреден учинок од 38 поени од кои 10 тројки во вкупно 13 обиди.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кливленд го забележа третиот пораз по ред, четврти во последните пет натпревари. Овој пат Леброн и неговите соиграчи беа немоќни на гостувањето кај Јута (104-101). Главен играч во победата беше Мичел од Јута кој постигна 29 поени, исто толку реализираше и Леброн Џејмс.
Резултати:
Детроит – Сан Антонио 93:79
Њу Орлеанс – Њујорк 103:105
Орландо – Мајами 111:117
Атланта – Портланд 104:89
Јута – Кливленд 104:101
Голден стејт – Мемфис 141:128
Денвер – Филаделфија 102:107