Дома Фудбал Останато Видео: Емотивниот говор на Роналдо за кој зборува цел свет!

Видео: Емотивниот говор на Роналдо за кој зборува цел свет!


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Репрезентацијата на Португалија на големо изненадување стигна до европскиот трон во Франција, трофеј кој ја израдува цела нација, а особено Кристиано Роналдо.

Иако судбината посака Роналдо да биде без шанса да им помогне на своите соиграчи во големото финале, сепак тој се соживуваше со соиграчите покрај аут линијата, даваше инструкции, а особен излив на емоции имаше во соблекувалната.

Деновиве се појави видео од неговиот емотивен говор во соблекувалната на „Стад де Франс“, кој ги трогна сите и стана хит на интернет.

„Сакам да му се заблагодарам на овој човек овде (селекторот Сантош). Прво, без него, ништо од ова немаше да биде возможно. Второ, сакам да се заблагодарам на сите соиграчи, на целиот стручен штаб и на сите кои бевме вклучени во ова натпреварување. Никој не веруваше во Португалија, но вистината е дека ние успеавме. Сите ние го направивме ова, успеавме. Јас сум многу среќен, ова е еден од најсреќните денови во мојот живот. Заборавете ги индивидуалните трофеи, Лигата на шампионите, ова е најсреќниот мемомент во мојот живот. Веќе знаете дека плачев три или четири пати досега. Тоа е вистината, ви се колнам во животот на мојот син, јас многу, многу, многу среќен. Ова можам да го повторам сто пати, ова е трофејот кој ни недостасуваше. Уште еднаш благодарност до сите играчи, целиот стручен штаб и повторно до тебе тренеру. Цела верба која ја имаше во нас, едноставно ме трогна. Од дното на моето срце, ви велам дека сум пресреќен. Го заслуживме ова, сега ние сме дел од историјата на Португалија. Ние сме првите кои го направивме ова“емотивно говореше Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Монца во следните сезони ќе се бори за Скудето“

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Eкипата на Монца мин…