Вечерва во рамките од ¼ финалето во Лигата на шампионите беа одиграни два натпревари Ливерпул против Манчестер Сити и Барселона против Рома.
Секако во центарот на вниманието беше англиското дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Избраниците на Јирген Клоп стигнаа до супер резултат и славеа со 3:0 и сите погодоци беа постигнати во првите 30 минути од натпреварот.
Мохамед Салах го доведе Ливерпул до водство во 12 минута, Чемберлејн во 21 со „топовски“ удар од далечина зголеми на 2:0, а само десет минути подоцна Садио Мане постигнува гол за 3:0.
Ливерпул и по овој погодок создаде уште неколку одлични прилики за погодок, но сепак резултатот не се менуваше.
Во вториот 45 минути следевме нешто посмирена игра со по некоја шанса и на двете страни.
Барселона стигна до победа во натпреварот против Рома од 4:1.
Она што беше интересно на оваа средба е што од четирите погодоци, два беа автоголови на фудбалерите на „волчицата“. Де Роси во 38 минтуа и Манолас во 55 минута ја погодуваа својата мрежа.
Останатите два погодоци за Барселона ги постигнаа Жерер Пике и Луис Суарез. Единствениот гол за Рома беше дело на Един Џеко.