Дома Фудбал Останато Видео: Дуделанж го налути Милан, Арсенал има „нови деца“

Видео: Дуделанж го налути Милан, Арсенал има „нови деца“

Во терминот од 19:00 часот се одиграа поголем дел од натпреварите од 5-то коло во Лигата на Европа, а најефикасно беше на „Сан Сиро“.

Милан го пречека малиот Дуделанж и за малку ќе се посрамеше. Тимот од Луксембург водеше на „Сан Сиро“ со 1:2 се до 55-та минута. Потоа „росонерите“ се освестија па за 20 минути постигнаа четири гола за конечни 5:2.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во истата група Бетис славеше над Олимпијакос со 1:0 и се пласира во нокаут фазара, а грчкиот тим во последното коло треба да го победи Милан со два гола разлика.

Арсенал иако со подмладен состав рутински ја совлада Ворскла со 3:0, а стрелци на головите беа младите Смит Роу и Вилок, а гол постигна и Арон Рамзи.

Од поинтересните дуели Салзбург го победи својот „побратим“ Лајпциг со 1:0, кој сега ке треба да чека пораз во последното коло на Селтик за да се пласира во нокаут фазата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул спреми 70 милиони за Гринвуд

Мејсон Гринвуд, кој претходно беше дел од Манчестер Јунајтед, сега блеска во француската л…