Дома Актуелно ВИДЕО: Дончиќ со фуриозен финиш донесе победа за Далас, Харден го уништи Кливленд

ВИДЕО: Дончиќ со фуриозен финиш донесе победа за Далас, Харден го уништи Кливленд

0

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа девет натпревари.

Лука Дончиќ одново имаше одлична вечер и беше на чекор од трипл-дабл учинок со 29 поени 12 асистенции и осум скокови.

Далас ја победи Минесота со 119:115. Од последните девет поени на Далас, Дончиќ уфрли седум! Решавачка беше тројката на 23 секунди пред крајот. Тоа за Словенецот беше само втора тројка од деветиот обид.

Харисон Барнс го следеше Словенецот со 23 постигнати поени, додека значаен допринос од клупата дадоа Бареа и Паул. Првиот уфрли 16 и имаше седум асистенции, додека вториот 15.

Карл-Ентони Таунс беше најдобар во редовите на Минесота со 30 поени и 11 скокови. Можеби го импресионираше новиот тренер Рајан Саундерс кој дебитираше пред домашните навивачи, но на крајот не успеа да обезбеди победа.

Дерик Роуз уфрли 21 поен, Вигинс имаше 17, Окоги 15, а Тег 12. Очаен натпревар зад себе имаше Хрватот Дарио Шариќ кој за неполни 19 минути на паркетот успеа да постигне само еден поен.

Џејмс Харден запиша уште еден трипл-дабл, овој пат во победата на Хјустон над Кливленд со резултат 141:113.

Харден го заврши натпреварот со 43 поени, 12 асистенции и 10 скокови. Го следеа Капел со 19, Хаус со 14 и Риверс со 12.

НБА резултати

Филаделфија – Атланта 121:123

Вашингтон – Милвоки 113:106

Њујорк – Индијана 106:121

Торонто – Бруклин 122:105

Хјустон – Кливленд 141:113

Минесота – Далас 115:119

Портланд – Шарлот 127:96

Јута – ЛА Лејкерс 113:95

Голден Стејт – Чикаго 146:109

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Кој треба шутира слободни удари во Јувентус? Еве го објаснувањето на Сари

Со доаѓањето на Кристиано Роналдо во Јувентус, Миралем Пјаниќ кој важи за мајстор на слобд…