Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Видео доказ: Голманите „мамеле“ при изведување на пеналите

Видео доказ: Голманите „мамеле“ при изведување на пеналите

Две вистински драми гледавме во осминафиналето на Светското првенство. Хрватска и Русија изборија пласман во четвртфинале после извесување на пенали против Данска и Шпанија.

Во тие два натпревари видовме вкупно 19 пенали, а англсиките медиуми направија анализа и заклучија дека дури 15 од нив биле нерегуларни.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Главната причина за тоа се голманите. Даниел Субашиќ, Каспер Шмајхел и Игор Акинфеев се „обвинети“ дека мамеле и дека бранеле спротивно од правилата, а единствено Де Геа бил најпоштен (не успеа да одбрани ниту еден пенал).

Имено, јасно беше видливо дека Субашиќ, Шмајхел и Акинфеев ја напуштаа гол-линијата пред противничкиот играч да го упати ударот.

Судиите се обврзани да ги повторат пеналите доколку не се почитува ова правило, но тоа на овие натпревари не се случи, а не реагираше ни ВАР системот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Пауновиќ не чекаше долго, откри дали ќе остане на клупата на Србија!

Вељко Пауновиќ преку својот Инстаграм профил испрати суптилна, но надежна порака, која по …