Дома Фудбал Италија Видео: Гол на Матуиди, „убавец“ на Касерес, Дибала се „разбуди“ за нова победа Јувентус

Видео: Гол на Матуиди, „убавец“ на Касерес, Дибала се „разбуди“ за нова победа Јувентус

Вечерва во рамките од 19 коло во италијанската Серија А својот натпревар во рамките од 19 коло го одиграа Верона и Јувентус.

Како и што се очекуваше фаворитот во овој натпревар дојде до победа од 1:3. „Старата дама“ рано уште во шестата минута стигна до предност. Гоназло Игуаин ја погоди стативата, но топката дојде до Матуиди кој ја смести топката во мрежата на домаќините.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


За нови погодоци го чекавме вториот дел. Прво Мартин Касарес кој своевремено настапуваше за Јувентус погоди за израмнување 1:1. Потоа во 72 минута Лихштајнер испрати топка во шеснаесетникот, таа стигна до Паоло Дибала кој ја смести во мрежата за ново водство на Јувентус.

Само пет минути подоцна, Дибала преку индивидуална акција постигна нов погодок и ги постави конечни 1:3.




V

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лионел Меси доби ретка чест од Интер Мајами

Лионел Меси ќе стане дел од редок спортски потег, бидејќи Интер Мајами најави дека трибина…