Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни пет натпревари.
На овие простори секако најголемо внимание привлекуваше натпреварот помеѓу Сакраменто и Индијана кој го донесе судирот на Богдан и Бојан Богдановиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Натпреварот беше тесен и неизвесен, па прашањето на победникот се решаваше во последните минути, тогаш поголема смиреност покажаа гостите. Клучниот момент на натпреварот го изрежира Виктор Оладипо кој погоди тројка на 18 секунди пред крајот на натпреварот.
На семафорот останаа нешто повеќе од десет секунди. Одговнорноста на себе ја превземе Богдан. Успеа да се снајде од околу десетина метри да шутира, па резултатот на само четири секунди последниот свиреж резултатот гласеше 104:103 за Индијана. Поените вредни победа ги постигна Оладипо од слободни фрлања, додека шутот на Богдан од голема одалеченост за продолженија не помина. На крајот Индијана славеше со 103:106.
Двајцата Богдановиќ беа најефикасни во своите тимови. Заедно уфрлија 46 поени. Хрватскиот Богдановиќ зебележа 25 поени, за 35 минути, додека Србинот стигна до 21 поен, четири асистенции, три скока и една украдена топка.
Оклахома го запиша третиот пораз во последните четири натпревари, а Сан Антонио славеше со резултат 103:99.
Помалку изненадувачки, но натпреварот беше решен благодарение на големите грешки на Расел Вестбрук. Не беше ова негова вечера и покрај тоа што собра 19 поени, 11 скокови и пет асистенција, но последната четвртина ја одрига навистина ужасно. Не само што во две важни ситуации ја „продаде“ топката на противникот, туку во последните две минути промаши два шута од дистанца кои не завршија ниту во обрачот, ниту во таблата!
На Голден Стејт иако му се вратија Кевин Дурант и Драјмнд Грин беа поразени од Милвоки со 117:106.
Јанис Адетокумбо ги предводеше Бакси до 32 поени, а одлични беа Крис Мидлтон со 23 и Ерик Бледсо со 20 поени. Кај Вориорси Дурант имаше ограничена минутажа (17) и за тоа време собра 10 поени, шест асистенции и три скока. Најефикасен во нивните редови беше Кевин Кук со 30 поени, додека Патрик Меко и Џавал Мекги уфрлија по 12 поени.
За Голден Стејт ова беше трет пораз во низа, односно пети во последните седум натпревари.
НБА резулати:
Детроит – Вашингтон 103:92
Мајами – Чикаго 103:92
Сан Антонио – Оклахома 103:99
Сакраменто – Индијана 103:106
Голден Стејт – Милвоки 107:116