Вечерва се одиграа првите натпревари во квалификациите за Лига на шампиони. Црвена Звезда одигра без голови на „Маракана“, ПСВ на чекор од пласман, а Бенфика одигра само 1:1 против ПАОК.
Натпреварот во Белград се играше пред празни трибини. Првото полувреме помина без шанси на двете страни, а во второто полувреме Црвена Звезда создаде две зрели шанси преку Дегенек и Симиќ, но не успеа да постигне гол.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСВ е на чекор од пласман во групната фаза откако успеа да слави на гостински терен кај БАТЕ Борисов со 2:3. Домаќините уште во 9-та минута поведоа со 1-0 преку Туоминен, за потоа ПСВ да постигне два гола преку Переиро и Лозано и да направи пресврт. Изедначување донесе Александр Хлеб во 88-та минута, но една минута подоцна „џокерот“ Мален погоди за конечни 2-3.
Бенфика не успеа да го победи ПАОК и ќе треба пласманот да го завери во Солун. Домаќините први поведоа со голот на Пици од пенал во 45-та минута, но ПАОК постигна многу гол преку Амир Варда за конечни 1:1.