Кабиб Нурмагомедов во Лас Вегас овој викенд го победи Конор Мекгрегор и го одбрани шампионскиот појас во лесна категорија.
Дамка на спектакуларната вечер фрли инцидентот кој следуваше после натпреварот. Кабиб Нурмагомедов предизвика општ хаос бидејќи после завршувањето на борбата ја прекокна оградата и нападна еден од тренерите на Конор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нивната борба предизвика огромно внимание и поради случувањата надвор од кафезот, неколку дена после борбата медиумите потсетија на видеото кое крена огромна прашина пред неколку месеци.
На контроверзното видео се гледа како Кабиб тера двајца бездомници на улиците да прават склекови, а за возврат им нуди пари.
Видеото и во моментот на објавувањето предизвика бројни критики, се јавија разни хумантиарни организации, но и на друштвените мрежи преовладуваа коментарите дека Кабиб треба да се засрами од тоа што го направил.
За ситуацијата за Кабиб да биде уште полоша видеото го објави тој на неговиот Фејсбук профил, сепак после лавината критики набрзо беше избришано. Но, кога едно нешто ќе заврши на интеренет, тоа засекогаш останува таму.ѓ