Дома Останати Конор покажа големина во тешките денови за Кабиб: Се молам за семејството Нурмагомедов

Конор покажа големина во тешките денови за Кабиб: Се молам за семејството Нурмагомедов

Ирскиот борец кој често пати го провоцираше Дагестанецот преку социјалните мрежи сега испраќа порака на поддршка до неговиот татко кој според она што се пишува во медиумите е во тешка состојба.

Руските медиуми пишуваат дека Абдулманап е во воената болница во Москва и дека му се забранети посетите, дури и од неговото семејство. Во болница таткото на Кабиб завршо поради воспаление на белите дробови, состојбата му се влошила кога му се појавиле и проблеми со срцето.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Наводно, докторите во Дагестан не сфатиле веднаш колку е сериозна неговата состојба, па затоа во тешка состојба стигнал во Москва.

„Се молам за опоравување на Абдулманап Нурмагомедов. Човекот кој е одговорен за повеќе светски шампиони, во повеќе дисциплините отколку што ние знаеме. Вистински боречки гениј! Тажен сум од кога ја слушнав оваа вест. Молитви за семејство Нурмагомедов“, напиша Мекгрегор.

Абдулманап инаку е на возраст од 57 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

„Гробари“ ефорично ги пречекаа хрватските легенди Кукоч и Раџа🎥

Легендарниот кошаркарски тандем, Тони Кукоч и Дино Раџа се специјални гости на Партизан на…