Дома Фудбал Вечерва два дерби натпревари во ЛШ

Вечерва два дерби натпревари во ЛШ

Лигата на шампионите продолжува со натпреварите од второто коло, а меѓу клубовите од регионот вечерва од 21 часот Црвена звезда гостува во Милано кај Интер.

„Црвено-белите“ пристигнаа на дуелот против италијанскиот шампион откако загубија на стартот од Лигата на шампионите од Бенфика (1:2), додека Интер освои бод против Манчестер Сити играјќи меч без голови.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Кога играш на највисоко ниво на натпреварување, против големи тимови, мора да бидеш максимално концентриран и мотивиран. Најважно е да имаме што помалку „празни потези“ и да играме храбро и доследно“, изјави пред натпреварот Владан Милојевиќ, тренерот на Црвена Звезда.

По киксот 0:0 со Аталанта во Бергамо, Арсенал го пречекува Пари Сен Жермен кој во првото коло во судиското надополнување успеа да ја победи Џирона.

БајАрена ќе биде сцена на судирот помеѓу Баер Леверкузен и Милан. Избраниците на Чаби Алонсо супериорно ја отворија Лигата на шампионите, декласирајќи го Феенорд. Сега германскиот шампион се соочува со Росонерите, кои загубија од Ливерпул на Сан Сиро во првото коло.

Освен овие натпревари на распоредот за вечерва се:

РБ Салцбург – Брест, Штутгарт – Спарта Прага (од 18:45 часот);

Борусија Дортмунд – Селтик, Барселона – Јанг Бојс, ПСВ Ајндховен – Спортинг, Слован Братислава – Манчестер Сити (од 21 часот).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Битката за Манчестер: „Граѓаните“ во криза, ѓаволите никако да се разбудат

Денес во фокусот ќе биде големото дерби помеѓу градските ривали од Манчестер. „Граѓаните“ …