Голманот на Босна и Херцеговина Асмир Беговиќ се најде на листата на желби на екипата на Њукасл, па така изненадувачки би можел да се врати во Премиер лигата.
На 36-годишниот голман летово му истекува договорот со Квинс Парк Ренџерс и моментално е во потрага по клуб каде ќе може да ја продолжи кариерата.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
За неговите услуги беше заинтересиран шкотскиот Селтик, а сега во игра се вклучи и Њукасл, чиј менаџер Еди Хау многу добро го познава.
„Страчките“ бараат нов голман бидејќи Лорис Кариус ќе го напушти „Сент Џејмс Парк“, а неизвесна е и иднината на Мартин Дубравко.
Покрај Беговиќ, Њукасл е заинтересиран и за Џејмс Трафорд од Барнли.