Дома Останати Кошарка НБА Вестрбук ги сруши Лејкерси во ЛА, 36+20 на Јанис (ВИДЕО)

Вестрбук ги сруши Лејкерси во ЛА, 36+20 на Јанис (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата беше обележана со натпреварот од двата тима на врвот на Западната конференција, ЛА Лејкерси и Хјустон. На крајот Хјустон однесе победа со резултат 121:111.

Најзаслужен за триумфот на Хјустон беше Расел Вестбрук со 41 поен, осум скока и пет асистенции. Тој на овој натпревар стигна до бројката од 20.000 поени. Џејмс Харден натпреварот го заврши со 14 поени и по седум скокови и асистенции.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Кај Лејкерси, Ентони Дејвис имаше 32 поени и 13 скокови, Леброн беше блиску до трипл-дабл со 18 поени, 9 скокови и 15 асистенции.

Натпреварот на вечерта го одигра Јанис Антетокумпо, капитенот на еден од „Ол-Стар“ тимовите во победата на Милвоки над Филаделфија од 112:101 забелжа дабл-дабл со 36 поени, 20 скоквои 6 асистенции.

НБА резултати:

Њујорк – Орландо 105:103

Чикаго – Њу Орлеанс 119:125

Милвоки – Филаделфија 112:101

Портланд – Сан Антонио 125:117

Лејкерси – Хјутон 111:121

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…