Унгарскиот шампион Веспрем е последниот тим кој обезбеди учество на завршниот турнир во Лигата на шампионите во ракомет. Претходно место на турнирот во Келн обезбедија Барселона, Вардар и ПСЖ.
Веспрем го доби двомечот со Монпелје и по триумфот на домаше нрен во првиот меч, победи во Монпелје 25:30.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Унгарскиот првак до победата го предводеше исландскиот репрезентативец Палмарсон со седум голови, додека кај Монпелје најефикасен беше новиот играч на Барселона Јуре Доленц со девет голови.
Извлекувањето на полуфиналните двојки ќе се одржи на 2.мај.