Дома Топ вести Верати им стави крај на гласините: Јавно на сите во Париз им се извини (Видео)

Верати им стави крај на гласините: Јавно на сите во Париз им се извини (Видео)

Италиијанецот, Марко Верати константно се поврзува со заминување од редовите на ПСЖ.

Се споменуваше како потенцијално засилување на Јувентус и Барселона, а неговиот агент упорно тврдеше дека овие тимови се заинтересирани, идентично како и нивниот фудбалер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, Верати се појави на подготовките на ПСЖ, па имаше интересно интервју во кое неколку пати им се извини на сите од парискиот тим.

„Минав низ тежок период изминативе денови. Гледам дека мојот агент истакнал некои работи со кои јас не се согласувам. Тоа не се мои зборови и сакам да им се извинам на сите во клубот“, истакна италијанскиот фудбалер.

„Среќен сум во ПСЖ, сакам да останам овде, клубот ми верува и тоа го почитувам. Благодарение на клубот станав играч каков што сум денес. Се надевам дека вакви работи повеќе нема да се случуваат“, додаде Верати кој во текот на интервјуто константно им се извинуваше на сопствениците на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

За ПСЖ вечерва може да настапи фудбалерот кој е надвор од терените 638 дена

Пари Сен Жермен вечерва го игра дербито против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а за …