Дома Фудбал Останато Верати е првиот играч на ПСЖ кој зборуваше за натпреварот против Звезда и тешките обвинувања

Верати е првиот играч на ПСЖ кој зборуваше за натпреварот против Звезда и тешките обвинувања

Натпреварот помеѓу ПСЖ и Црвена Звезда како што е познато се наоѓа под истрага на УЕФА која се сомнева дека овој натпревар бил наместен.

Денес српски „Информер“, објави и детали за наводната „местенка“ (тука), сепак играчот за врска на Пари Сен Жермен, Марко Верати тврди дека не забележал ништо сомнително.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Верати во натпреварот против ПСЖ беше стартер и ги одигра комплетните 90 минути. Иначе, тој е првиот фудбалер на ПСЖ кој зборуваше на оваа тема.

„На теренот не забележав ништо. Не ми изгледа реално тоа што се пишува во медиумите. Одигравме голем натпревар, а не е прв пат некого да победиме со пет голови разлика. Минатата година имавме повеќе натпревари во кои победивме убедливо. Во секој случај, тоа не е проблем кој нас не интересира“, изјави Верати за „Л’Eкип“ после вчерашниот натпревар помеѓу Полска и Италија.

https://www.youtube.com/watch?v=CgZ4Fw_SgjU&t=2s

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…