Дома Фудбал Англија Венгер се прави „наудрен“: Против Сити го одигравме најдобриот натпревар сезонава

Венгер се прави „наудрен“: Против Сити го одигравме најдобриот натпревар сезонава

Арсенал вчера вечер повторно беше поразен од Манчестер Сити со 3:0, овој пат на домашен терен на „Емирати“.

И додека поголемиот дел од навивачите бара од Французинот да замине од клубот, тој верува во она што го прави и е задоволен од својот тим.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


„Го одигравме физички најдобриот натпревар оваа сезона. Знаев дека првото полувреме ќе биде тешко, а за жал тие ја искористија секоја наша слабост во одбраната. Изгубивме од голем тим, најдобриот во Англија. Една од причините за поразот е што тие имаат и голема самодоверба, а ние ја немаме“, зборуваше Венгер.

Арсенал на последните пет натпревари во сите натпреварувања запиша четири порази.

„Поминуваме низ тежок период, но тоа е фудбалот. Не можам оваа ситуација да ја споредам со ниту една претходно, но јас работам максимално на тимот и сум фокусиран на следниот натпревар“, изјави Французинот.

На крајот тој ја прокоментира играта на Михтаријан и Обамејанг (новајлиите), Габонецот против Сити не реализираше пенал.

„Потребно им е уште време да се прилагодат. После секој пораз притисокот е поголем, но тие двајца само што пристигнаа, сигурен сум дека ќе бидат повеќе од успешни“. Заклучи Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид нуди нов договор на Куртоа

Реал Мадрид ќе му понуди нов договор на Тибо Куртоа со идеја да го задржи до 2028 година, …