Арсен Венгер денес пред медиумите призна дека одлуката да го напушти Арсенал после 22 година не била само негова.
Имено, Венгер пред неколку дена обелодени дека го напушта Арсенал на крајот на сезоната и тоа пред истекот на договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Самиот момент на објавување на одлуката не беше моја одлука. Никој не ме праша што мислам за тоа“, изјави Венгер на пресконференцијата пред утрешниот меч со Атлетико.
Искусниот француски стратег не ни помислува да се пензионира после заминувањето од „Емирати“.
„Не знам каде ќе работам следната сезона, но сигурно ќе продолжам да работам како тренер. Горд сум на фактот што го давам максимумот за оваа работа и додека имам желба и сила ќе работам. Сакам да продолжам со оваа работа и да пробувам да победувам во секој следен натпревар“, јасен беше Венгер.