Арсен Венгер после 22 година го напушта кормилото на „топџиите“ и го даде последното интервју како менаџер на Арсенал.
Францускиот стратег во инетрвуто откри дека бил блиску до привлекување на Кристиано Роналдо и Лионел Меси, трансфери со кои можел да ја промени историјата на клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Беше кај нас со мајка му и бевме блиску до договор. Тогаш се појави Манчестер Јунајтед со Карлос Кеирош како тренер и асистент на Фергусон. Јунајтед играше против Спортинг, а Роналдо тогаш беше извонреден. Испративме официјална понуда и бевме многу блиску, но Јунајтед понуди повеќе“, открива Венгер.
„Можете да замислите што ќе се случеше ако успеевме да ги споиме во тандем Тиери Анри и Роналдо. Тоа секако ќе ја променеше историјата, барем онаа која се однесува на мојот мандат тука“, заклучи Французинот.
Венгер откри дека бил блиску и до привлекување на Лео Меси, но Барселона направила се за да го задржи.
„Се сретнав со родителите на Фабрегас, а во тоа време имавме интерес и кон Жерард Пике и Лео Меси. Сакавме да ги донесеме тројцата, но не успеавме. Барселона направи се за да го заджи Меси“, открива Венгер.