Дома Фудбал Англија Венгер категоричен: Нема да продаваме игачи на ривали од Премиер лигата!

Венгер категоричен: Нема да продаваме игачи на ривали од Премиер лигата!

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, ја отфрли можноста да ги продава своите играчи на ривалите во Премиер лигата.

Напаѓачот Оливие Жиру е трансфер цел на два тима, Вест Хем и Евертон, кој веќе потроши близу 100 милиони фунти на засилувања.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Тој го продолжи договорот минатата година. Има голем придонес за нашиот тим и мислам дека тој навива за Арсенал. Секогаш сакал да остане“, изјави Венгер.

Менаџерот на Арсенал го потврдил интересот за играчот на Монако, Лемар и изразил надеж дека Алексис Санчез ќе остане во клубот.

„Играчите имаат договори и ние ќе го почитуваме тоа. Тоа е она што ние го сакаме. Минатата сезона реков дека тоа ќе биде наша политика, односно нема да продаваме фудбалери во други екипи од Премиер лигата. Никој не може да знае дали Алексис ќе биде тука до крајот на наредната сезона бидејќи тој може да го продолжи договорот со нас на почетокот или во текот на сезоната“, заклучи Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти: Поразот од Лил може да биде корисен

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го коментираше поразот кој неговиот тим го претрп…