Дома Трансфер зона Венгер избра: Младата ѕвезда од Серија А, мета на „топџиите“

Венгер избра: Младата ѕвезда од Серија А, мета на „топџиите“

Арсенал наводно е заинтересиран за еден од најталентираните италијански фудбалери.

Арсенал ова лето баш и не прослави на трансфер пазарот, ангажирани беа само Александар Лаказет и Сеад Колашинац.

Штедењето на Венгер повторно се покажа како лош потег. „Топџиите“ на стартот запишаа порази од Стоук и Ливерпул во Премиер лигата, а посебно беше болен оној од „црвените“, во кој примија четири погодоци.

Бидејќи е јасно дека клубот наскоро ќе го напушти Алексис Санчез, а веројатно и Месут Озил уравата мора да побара адекватна замена. Позната е трансфер политиката на Венгер кој сака да доведува млади и талентирани фудбалери, па сега нова мета на клубот од Лондон е младиот Пјетро Пелегри од Џенова.

Талентираниот напаѓач постигна два погодоци минатиот викенд во Серија А, против Лацио и така стана најмладиот стрелец во историјата на италијанската лига кој постигнал повеќе од два погодоци на еден натпревар.

Интересот за овој фудбалер е голем, Интер, Милан и Јуве веќе застанаа во редот за неговиот потпис. Пелегри го следат двата клуба од Манчестер, како и Челзи, а сега се вклучуваат и „топџиите“, па интересно е да се види каде ќе заврши новиот „бисер“ на Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Де Паул после само 6 месеци се враќа во Серија А

Родриго де Паул ова лето беше на мета на многу европски гиганти и се одлучи кариерата да ј…