Арсен Венгер ги поминува последните недели на кормилото на Арсенал, тврдат англиските медиумите, а добар знак за тоа се и обложувалниците кои значително ги намалија коефициентите за негово заминување.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Арсенал синоќа забележа нов пораз од Кристал Палас кој додатно ги оддалечи „топџиите“ од Лигата на шампиони, а денес се појавија шпекулации за евенталниот наследник на Арсен Венгер.
Обложувалниците, кои се секогаш јасен показател, сега поставија поголем коефициент за Венгер да остане – 2,10, отколку за да го напушти Арсенал – 1,65.
Притоа, обложувалниците тврдат дека Макс Алегри и понатаму е прв кандидат за клупата на Арсенал со квота 5,00, па следи Томас Тухел со двојно поголема квота, а мали шанси му се даваат на Диего Симеоне и на Леонардо Жардим.
Поедини медиуми отидоа и чекор понатаму па тврдат дека во игра за негов наследник се и двете легенди на клувот, Тиери Анри и Денис Бергкамп.