Арсен Венгер верува дека неговите играчи ќе остварат добар резултат во градското дерби против Тотенхем.
Венгер во најавата за дуелот зборуваше за методите со кои работи на мотивирање на играчите, но смета дека е невозможно нешто да се постигне со закани.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ако е тоа единствен начин за ментална подготвеност пред мечот, тогаш е најдобро на играчите да им кажам: Ако не победите, сите ќе ве „убијам“. Ќе бидете понижени“, истакна Венгер и додаде:
„Не ми се чини исправно да ги врзам луѓето на ѕид и така да ги мотивирам. Треба да се најде друго решение, тоа е тешко, но во тоа е тајната на предвидувањето. Треба да се балансира помеѓу самодовербата и притисокот, опуштеноста и тензијата, а кај секој играч реакцијата ќе биде различна. Така што, важно е прилагодувањето на менталитетот на екипата и поединецот“.
Венгер неодамна најави дека планира уште долго да остане во Арсенал, иако навивачите имаат поинакво мислење за него по неколкуте лоши сезони во ПЛ. За потсетување, Французинот од 1996. година е на клупата на „Топчиите“ и освои три шампионски титули во англиското првенство.