Ракометарите на Вардар ја запишаа првата победа во СЕХА лигата на гостувањето кај Војводина (16:26).
Вардар имаше водство во текот на целиот натпревар, во еден момент имаше предност и од 11-7, но на одморот замина со два гола позитива.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Црвено-црните одиграа одлична одбрана во второто полувреме, па на противникот му дозволија да постигне само 7 голови, а со конечни 26-16 ја остварија првата победа во новата сезона во СЕХА лигата.
Најпрецизен беше Тимур Дибиров со седум постигнати гола, додека Оливие и Кевин Њокас дадоа по четири гола.
По овој меч вардарци треба да одиграат два натпревари во домашното прветство, по што на 16 февруари следува пресметката во Монпелје во Лигата на шампионите, а два дена подоцна третиот меч во СЕХА лигата и тоа на гости кај Нексе.