После ремито со Еурофарм Пелистер ракометарите на Вардар им се вратија на победите. На домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ победен беше Бутел со 36:21.
Гостите парираа само едно полувреме, а потоа во второто на површина исплива квалитетот на црвено-црните. На стартот Буител водеше со 3:1 и десетина минути имаа водство. Вардар првпат поведе со 7:6 за потоа да следува посигурна игра на фаворитот. На полувреме резултатот гласеше 18:15.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бутел во продолжение имаше неколку добро минути, а потоа Вардар ја демонстрираше својата сила. По водството од 27:17 веќе беше јасно во каква насока оди овој натпревар, гостите немаа силе за некаков кам-бек. Предноста од 15 гола која беше највисока за Вардар беше актуелна и на самиот крај за конечните 36:21.
И за Вардар и за Бутел ова беше последниот натпревар оваа година, по што ракометарите одат на празнична пауза.
Фото: РК Вардар