Вардар со победа од 2-0 против рускиот тим СКА Ростов ја отвори серијата контролни натпревари за време на подготовките во Анталија.
Во првото полувреме мрежите мируваа, а веќе на стартот на вториот дел Блазевски со одличен гол му донесе водство на „црвено-црните“. Конечните 2-0 беа дело на младиот Парталко во судиското продолжение.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Следен ривал на Вардар на подготовките ќе биде рускиот клуб Том од Томск.