Освојувачот на ЕХФ-купот можеше да се носи со Вардар само во одредени делови од мечот, особено во првото полувреме. Беше релативно изедначено, додека Вардар не направи чекор напред и на пауза замина со 15-13.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Во првите 15 минути од вториот дел Фуксе постигна само три гола, а Вардар почна да се одлепува, водејќи со 20-16. Во добро светло се покажа голманот Дејан Милосављев со девет интервенции, овозможувајќи им на своите колеги да го зголемат водството до крајот.
Дибиров со седум и Криштопанс со шест гола беа најефикасни меѓу црвено-црните.