Во Македонија голема прашина се крена после информацијата која се појави дека Вардар нема да биде прогласен за шампион по прекинот на првенството и покрај големата предност на табелата.
Генералниот секретар на ФФМ Игор Поповски во интервју за МТВ потенцираше дека таква одлука ФФМ нема донесено.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
“ФФМ до овој момент нема донесено одлука дали фудбалското првенство на Македонија ќе има шампион за сезоната 2019/2020. Не знам од каде информациите за некаков конечен став. За ова допрва ќе решава надлежното тело, а 30 јуни е рокот во кој ФФМ може да ја испрати во УЕФА листата учесници во еврокуповите.”изјави генералниот секретар на ФФМ Филип Поповски во интервјуто за МТВ.