Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар го пречекува Борец, дерби во Струмица, Шкендија против Силекс за бегство од дното

Вардар го пречекува Борец, дерби во Струмица, Шкендија против Силекс за бегство од дното

Денес од 14:30 часот на распоред се натпреварите од 11-тото коло во македонската прва лига.

Натпреварот кој може да се нарече дерби на колото се игра во Струмица каде што ќе гостува Македонија Ѓорче Петров.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пандевци оваа сезона добро ја стартуваа и заедно со Вардар имаат по 21 бод на врвот на табелата, додека Македонија Ѓорче Петров се наоѓа една позиција подоле со пет бода помалку.

Во натпреварот и двете екипи влегуваат со слична форма. Академија Пандев во првите пет кола има две победи, две нерешени натпревари и еден пораз, додека „лавовите“ од Ѓорче се со учинок од две нерешени, една победа и два порази. Во последните два Пандевци славеа победи против Силекс и Шкендија, додека Македонија Ѓ.П одигра две нерешени со Шкупи и Вардар.

Епитетот фаворит го носи домаќинот, а останува да видиме дали ќе го оправда.

Шкендија која никако не успева да фати залет и после две победи одново влезе во серија од три натпревари на кои не знае за победа ќе игра против Силекс. Пред почетокот на сезоната јасно Шкендија имаше шампионски амбиции, но после 10 кола тие имаат 11 бода и се наоѓаат на седмата позиција. Зад Шкендија се само Струга Трим Лум, Борец и Работнички. Силекс е една позиција пред Шкендија, меѓутоа и покрај тоа улогата фаворит очекувано им припаѓа на домаќините.

Вардар кој е во трка со Академија Пандев за лидерската позиција денес ќе игра против Борец на свој терен. Борец оваа сезона се наоѓа на претпоследното место, но Велешани во натпреварот со Вардар влегуваат со една мини серија од две победи (Шкупи, Струга Трим Лум). Вардар од друга страна во последните два натпревари одигра два нерешени натпревари (Шкендија, Академија Пандев). Она што не е поволно за тимот од Велес е што тие се тимот со најмногу примени голови, додека Вардар заедно со Македонија Ѓ.П е тимот со најмногу дадени голови.

Во останатите два натпревари Работнички со новиот стратег Марјанчо Андрески ќе гостува кај Шкупи, додека Струга Трим Лум на свој терен ќе игра против Ренова.

Фото: Академија Пандев

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Нови обвиненија за Тонали, се обложувал и во Англија

На Сандро Тонали му се заканува нова казна поради обложување на фудбалски натпревари. Тој …