Екипата на Вардар не успеа да слави на гостувањето кај Скопје во рамки на 23. коло во ПМФЛ.
Скопје и Вардар ремизираа без погодоци, а ова е уште само една потврда на падот во формата на актуелниот македонски шампион.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Имено, Јаневски на терен го извади најсилниот состав, но сепак црвено-црните не успеаа да слават ниту против последнопласираниот состав на табелата.
Сепак, Барсегјан успеа да создаде неколку шанси во второто полувреме, а за Скопје единствениот опасен шут го упати Јаневски, во 90. минута.