Дома Фудбал Ван Нистерлој: Кога ќе ги соберете Роналдо, Мбапе, Мане, Иниеста и Салах ќе го добиете Меси

Ван Нистерлој: Кога ќе ги соберете Роналдо, Мбапе, Мане, Иниеста и Салах ќе го добиете Меси

Легендарниот холандски напаѓач, Руд Ван Нистерлој смета дека Лионел Меси е совршен фудбалер.

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед смета дека Меси едноставно не може да се споредува со нуту еден друг фудбалер на светот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Ако ги соберете во едно Роналдо, Мбапе, Мане, Иниеста и Салах ќе го добиете Меси“, смета Ван Нистерлој.

„Никој дури не се доближува до него како квалитет. Кристиано знае да постигнува голови, Иниеста е исклучителен мозок, а Салах, Мане, Азар и Мбапе се одлични фудбалери, но Меси е збир на сите она што го имаат сите тие. Нема друг фудбалер на негово ниво, изгледа како да игра Плејстејшн“, истакна Ван Нистерлој за холандските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија оваа сезона ќе има еден претставник во ЛШ!

Лигата на шампионите стартува денеска, а Македонија и оваа сезона ќе има еден свој претста…