Дома Фудбал Останато Ван Дер Сар со емотивна порака го испрати Тен Хаг во Манчестер Јунајтед

Ван Дер Сар со емотивна порака го испрати Тен Хаг во Манчестер Јунајтед

Aјакс вчера го победи Херневен со 5:0 и така стигна до третата титула во ерата на Ерик Тен Хаг, таа ќе биде и последна за него затоа што се сели во Манчестер Јунајтед.

Во Манчестер Јунајтед Тен Хаг го чека тешка задача да воведе ред и да го врати тимот на победничките патеки. После вчерашната победа и освоената титула емотивна порака испрати директорот Едвин Ван Дер Сар.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Ван Дер Сар најдобрите денови од кариерата како голман ги помина во Јунајтед, па затоа за него заминувањето на Тен Хаг на „Олд Трафорд“ е со посебно значење.

„Ги надмина сите очекувања, воведе доминантен фудбал, стигна до полуфиналето во ЛШ, освои домашни титули…Заминуваш во клуб кој е блиску до моето срце. Ти посакувам се најдобро таму, ти балгодарам Ерик за се“, истакна Ван Дер Сар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Невидена сцена во Хрватска: Фудбалер даде автогол од центарот на теренот (Видео)

Фудбалерите на Горица ја совладаа Локомотива со 4:1 во последниот натпревар од 12. коло на…