Дома Фудбал Останато Ван Гал по трет пат ќе биде селектор на Холандија

Ван Гал по трет пат ќе биде селектор на Холандија

По неуспешниот настап на ЕУРО холандската репрезентација остана без селектор, бидејќи Де Бур самиот се повлече од функцијата.

Главниот кандидат за селектор на репрезентацијата на Холандија е Луј ван Гал, а Федерацијата веќе започнала преговори со 69-годишниот стратег.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Ван Гал претходно два пати беше на кормилото на репрезентацијата. За прв пат тој ја водеше екипата во 2000 година, но не успеа да го одведе тимот на Светското првенство во 2002 година, по што ја напушти функцијата.

По 10 години тој повторно ја прифати поканата и под негово водство, Холанѓаните го освоија третото место на Мундијалот во Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Бомба“: Донарума се договорил со новиот клуб, наскоро ќе стави потпис!

Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума, кој се смета за еден од најдобрите на позицијата г…