Дома Фудбал Останато Ван Гал: Освојувањето на ФА Купот со Манчестер Јунајтед беше чудо

Ван Гал: Освојувањето на ФА Купот со Манчестер Јунајтед беше чудо

Трофејниот тренер Луис Ван Гал тврди дека било чудо што со Манчестер Јунајтед успеал да го освои ФА Купот.

Холандскиот стратег работеше во големи клубови и освојуваше разни трофеи, но објасни поради што ФА Купот го смета за негово најголемо достигнување во тренерската кариера.

„Во екипата имав 10 играчи постари од 30 години, петмина постари од 35. Затоа сметам дека тој трофеј е мое најголемо достигнување. Најтешко ми беше да работам во Јунајтед. Им кажав дека не сакам да ми се мешаат во работата. Екипата немаше ниво да биде шампион. Составив листа од играчи кои сакав да ми бидат доведени, но не ги добив“, изјави Ван Гал.

Ван Гал го тренираше Манчестер Јунајтед од 2014 до 2016 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Каков Роналдо, каков Погба, рускиот селектор е хит на интернет со Кока-Колата🎥

Ова доаѓа откако во понеделникот, потегот на Роналдо со отстранувањето на двете шишиња „Ко…