Легендарниот холандски стратег, Луј ван Гал даде интересна изјава и се присети на периодот додека ја предводеше Барселона.
Ван Гал откри дека Пеп Гвардиола уште тогаш покажувал тренерски афинитети и му давал препораки каде да играат Стоичков и Фиго.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Го направив Гвардиола капитен поради однесувањето за време на тренинзите. Ми се допаѓаше Пеп бидејќи тој зборуваше само за фудбал и тактика. За време на тренинзите тој идеше кај мене и ми велеше: „Фиго и Стоичков треба да останат по крилата за да можам да делам топки со затворени очи“, објаснува Ван Гал.
„Тој викеше по соиграчите цело време, сега кога е тренер го прави истото. Живее за фудбалот. Во моментив има само еден тренер кој практикува напаѓачки фудбал, а тоа е Пеп Гврадиола“, заклучи Холанѓанецот.
„Ернесто Валверде се обидува, но не е како Гвардиола. Истото важи и за Клоп. Меѓутоа, тоа не значи ништо, бидејќи Манчестер Сити се уште не ја освоил Лигата на шампиони“, додаде Ван Гал.
Louis van Gaal claims Man City boss Pep Guardiola is the only attacking coach left in football https://t.co/4f8e0xsqg8
— Manchester City News (@ManCityMEN) April 3, 2019