Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди веќе неколку сезони е најдобар фудбалер на Интер, но минатата недела направи голем скандал.
Икарди веќе неколку месеци одолговлекува со потпишувањето на новиот договор за кој преговара неговата сопруга Ванда Нара која воедно е и негов менаџер. Интер го казни Икарди така што му беше одземена капитенската лента и таа сега ја носи Самир Хандановиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа Икарди одби да игра во Лигата на Европа против Рапид, а го немаше ниту во составот за натпреварот против Сампдорија. Икарди тој натпревар го гледаше о трибините и доби жестоки свирежи кога неговиот лик се појави на видео бимот на стадионот.
Навивачите на овој клуб за сите работи ја обвинуваат Ванда и сега е јасно дека не се далеку од вистината. Од Интер одлучија да објаснат дека не е нивна вина и дека Икарди би играл без разлика што не е капитен.
Меѓутоа на сцена стапила Ванда која поставила услов до управата на „нероаѕурите“.
Како што е објавено во моментот кога му била одземена капитенската лента на Икарди поради ситуацијата со договорот Ванда се одлучила да поставува услови. Тогаш таа порачала дека нејзиниот сопруг ќе игра за Интер само ако му се врати капитенската лента, а и побарала јавно извинување од клубот.
Ваквиот нејзин предлог без разлика што се работи за најдобриот играч бил експресно одбиен и наводно Икарди добил порака дека многу му е подобро сам да се грижи за својата кариера отколку ситуацијата ја препушта во рацете на својата сопруга.