Мауро Икарди вечерва против Барселона на „Џузепе Меаца“ ќе биде главниот адут на Интер.
Аргентинецот ќе има и специјален мотив. Икарди беше дел од познатата фудбалска школа на Барселона „Ла Масија“, но никогаш не доби вистинска шанса во првиот тим.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Од трансферот од Барселона во Сампдорија, до денес стана еден од најдобрите напаѓачи во Европа. Но, многумина секогаш ќе го гледаат како човек кој ја „украде“ жената од својот најдобар пријател, Макси Лопез. Поради тоа Икарди е омразен кај голем број фудбалски навивачи ширум светот.
Поранешената аргентинска старлета, Ванда Нара денес освен што е сопруга на Икарди е и негов агент, па често пати знае да даде изјава за нејзиниот сопруг.
„Не сум човек кој крева прашина пред важни натпревари. Во одлични односи се со Меси. Мауро има одлични сеќавања од Барселона каде што израсна, секогаш се дружиме со заедничките пријатели“, изјави Ванда.
Таа смета дека Кристиано Роналдо не е ништо подобар од нејзиниот сопруг.
„Мауро не играше на три натпревари и има скоро исто голови како Роналдо. Би сакала да го видам Роналдо како мирно прифаќа да седи на клупа против Џенова, нешто што Мауро го направи. Ако играше против Џенова, тој ќе дадеше три од петте погодоци“, смета партнерката и агент на Икарди.