Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Луис ван Гал, верува дека Ливерпул оваа сезона сигурно ќе биде шампион во Премиер лигата.
Ван Гал, кој во мај 2016 беше разрешен од позицијата менаџер на Манчестер Јунајтед и тоа по освојувањето на ФА купот, верува дека „црвените“ се најсилни оваа сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ако би требало да ги ставам моите пари на кој тим ќе ја освои лигата, тоа би било Ливерпул“, изјави Ван Гал.
„Ливерпул има огромен квалитет. Факт е дека Сити има подобри фудбалери, но во исто време тоа е слабост за тимот на Гвардиола. Тие играат напаѓачки фудбал, но кога се бранат изгледаат ужасно. Ливерпул е тим, кој е во состојба подобро да се брани“, додаде холандскиот стратег.